Едно лице починало во сообраќајка во општина Кривогаштани

пред 3 години

Едно лице починало во сообраќајна незгода на патот Крушеани-Обршани во општина Кривогаштани, информира министерството за внатрешни работи.

На 29.04.2021 во 14.05 часот на патот Крушеани – Обршани, општина Кривогаштани, кај место викано „Бревче“, патничко возило „југо“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(67) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, излетало од патот.

Притоа, возачот починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп, а увид на извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, известуваат надлежните.

Scroll to Top