Едно лице повредено во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

пред 3 години

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што случила утрово околу 08:00 часот на патот Струмица-Ново Село, на делницата меѓу селата Секирник и Сушица.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, до несреќата дошло откако автомобил марка „пежо“ со струмички регистарски таблички излетал од патот и се превртел на покривот.

Во автомобилот имало три лица. Еден од патниците е повреден и е пренесен на лекување во Струмичката болница.

На местото на несреќата увид изврши полицијата.

Scroll to Top