Емиратите ѝ донираа на Македонија опрема и тестови за коронавирус

пред 4 години

Обединетите Арапски Емирати ѝ донираа на Македонија 10 тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Доделената помош е во рамките на Емиирејтс еид (ЕMIRATES AID – COVID19 GLOBAL RESPONSE) под покровителство на Шеикот престолонаследник и заменик врховен командант на вооружените сили на ОАЕ, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби.

Министерството за здравство доби донација од заштитни маски, скафандери, визри, заштитни наочари и ковид тестови. Опремата и тестовите во текот на наредните денови ќе бидат распределени низ болниците во земјава.

Scroll to Top