Жена тешко повредена во сообраќајка во Скопје

пред 4 години

Вчера во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски озанки, управувано од Г.Ј.(46) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(44) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top