Жителите на Центар преку анкетен прашалник ќе учествуваат во подготовка на програмите за работа

пред 3 години

Почнувајќи од денеска, жителите на Општина Центар ќе може да учествува во донесувањето на одлуки на локално ниво и да учествува во подготовка на програмите за работа и на буџетот на Општината за 2021 година.

Од Општината информираат дека заради актуелната ситуација во Ковид-19, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на веб страницата на Општината и преку онлајн состаноци на платформата ZOOM.

– Одговорите на нашите граѓани имаат особено значење при креирањето на општинските програми за работа. Затоа,целта на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во креирање на локалната политика. Би сакал да ги охрабрам сите граѓани да земат учество во процесот на донесување одлуки и преку заеднички процес да се вклучиме во креирање на транспарентна локална самоуправа, вели градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ.

Scroll to Top