Жител на Здуње доби притвор, полицијата му пронајде марихуана во домот.

пред 3 години

Триесет и две годишен жител на гостиварско Здуње е лишен од слобода поради пронајдена марихуана во неговиот дом. По поднесената пријава, судија во претходна постапка му определил 30-дневен притвор.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници на ОВР Гостивар вчера околу 10 часот и 15 минути го лишиле од слобода М.Н.(32) од гостиварско Здуње, поради основи на сомнение за” неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При претрес на неговиот дом извршен на 2 јануари годинава, била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветна пријава денеска е изведен пред судија во претходна постапка на Основен суд Гостивар, кој му определил мерка притвор од 30 дена. Во текот на вчерашниот ден тој е спроведен во КПУ Затвор „Скопје“ во Скопје.

Scroll to Top