Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за полицијата.

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е…

Posted by Zoran Zaev on Четврток, 24 септември 2020

„ Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда.

Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.

За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот.

Вложивме многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволиме, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна“ напиша Заев на Фејсбук.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top