Заев: Владата издвои 100.000 евра за помош на областите во Хрватска погодени од земјотресот

пред 3 години

Владата на денешната седница донела одлука да се издвои финансиска помош од шест милиони денари (околу 100.000 евра) за помош на областите во Хрватска погодени од денешниот силен земјотрес, соопшти премиерот Зоран Заев на својата страница на Фејсбук.

„Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите,“ напиша Заев.

Scroll to Top