Заев: Модернизацијата на Коридорот 8 е една од нашите најважни капитални инвестиции

пред 3 години

Ние градиме, го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции. објави премиерот Зоран Заев вечерва на неговата страница на Фејсбук.

– Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море. Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвиваат на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега, пишува на Фејсбук премиерот Заев.

Scroll to Top