Заев: Нападот на Пендаровски е несоодветен, но здраво е да има различни мислења

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев го оцени како несоодветен ставот на претседателот Стево Пендаровски по вчерашниот состанок на Советот за безбедност. Вели дека секој има право да го каже својот став, но во ваква ситуација државниот врв треба да соработува.

„Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не е соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата. Но слободата е голема придобивка. Едно време беше незамисливо да има несогласувања меѓу претседател и министер. Еве, сега гледаме дека не може да се согласуваме за сѐ. Здраво е да имаме и несогласувања, ама тоа не значи дека не се почитуваме“ – вели Заев.

Премиерот не се согласува со оценката на Пендаровски дека е срамота што македонски граѓани се вакцинирале во Србија затоа што тоа го направиле индивидуално, по сопствена волја,а не во организација на државата.

Претседателот Пендаровски вчера изјави дека е срам за државата тоа што Македонци минатиот викенд одела на вакцинација во соседна Србија, на што следуваше одговор од министерот за здравство Венко Филипче и потоа и нова реакција на Пендаровски.

Scroll to Top