Заев: Национална гордост е фактот што сме дел од НАТО семејството

пред 3 години

Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството, напиша премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“, а по повод 72 години од основањето на Алијансата.

На 4 април 1949 година во Вашингтон, 12 членки го потпишале Северноатлантскиот договор.

НАТО денеска одбележува 72 години. На фотографијата е Северноатлантскиот договор, кој го потпишаа 12 членки на 4 април…

Posted by Zoran Zaev on Недела, 04 април 2021

„НАТО денеска одбележува 72 години. Членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани. За уште долги години заеднички успеси! Ние сме НАТО“, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Scroll to Top