Џафери: Подготвени сме да го дадеме својот придонес во колективната безбедност на семејството на НАТО

пред 3 години

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод одбележување една година од нашето полноправно членство во НАТО.

„ Јас ја имав честа на 11 февруари 2020 година да ја водам свечената 133. пленарна седница по повод ратификацијата на Договорот и како што реков тогаш, ќе повторам и сега, „За нас, ова е историски ден!“ и, навистина, исправноста на таа одлука се потврди за време на оваа година а сигурно ќе се зацврсти уште повеќе во годините што следат. Раката на поддршка и пријателство што ја пружија земјите членки на НАТО, нашите сојузници, беше од огромна корист за нашиот здравствен систем и справувањето со последиците од пандемиската криза. Убедени сме дека таа поддршка ќе биде сигурен наслон во идните предизвици што следат затоа што, тоа е мотото на НАТО, сите за еден и еден за сите! Ние сме подготвени да го дадеме својот придонес и удел во колективната безбедност и сигурност на семејството на НАТО.

“Ние сме подготвени за иднината – Северна Македонија во НАТО 2030”“ се вели во честитката на Џафери.

Scroll to Top