Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот „Монструм“, истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато.

–Се што стои по меѓународното право ќе преземемe и не се откажуваме. Ако бараат дополнителни документи, дополнителни докази ќе им доставиме. Гарантиме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката со негово присуство би се водела. Очекувам двете наши исклучително пријателски земји да тоа го потврдуваат на секое поле, дури и на вака сензитивни полиња. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Република Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато, рече премиерот Заев на новинарско прашање во ТИРЗ Тетово, каде присуствуваше на поставување камен-темелник на нова фабрика.

На прашање од новинарите зошто нема исплата на штети за случајот Сопот, Заев истакна дека има судски спогодби и најверојатно станува збор за случај во кој се уште се преговара.

Scroll to Top