Заев: Правото на самоопределување не треба да биде предмет на дипломатијата

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, вечерва имаше работна вечера со пратениците во германскиот Бундестаг Нилс Шмит од СПД и Јирген Харт од ЦДУ.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев и министерот Османи ги презентирале политичките позиции на Северна Македонија во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ како и напредокот постигнат во речиси сите области кои веќе ги нотираше Европската Комисија во својот извештај.

Премиерот Заев го пренел ставот дека правото на самоопределување не треба да биде предмет на дипломатијата.

Германските парламентарци ги пренеле позитивните ставови и поддршката на нивните политички партии кои се и коалициони партнери во сојузната влада на Сојузна Република Германија кон евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Истовремено изразиле големо задоволство од интензивната билатерална соработка меѓу двете пријателски држави, очекување и поддршка за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ во време на германското претседателство

Scroll to Top