Заедничката седница на македонската и косовската влада ќе се одржи на 25 јануари во Скопје

пред 3 години

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за одржување заедничка владина седница со Владата на Република Косово предвидена за 25 јануари 2021 година во Скопје.

– Владата ги задолжи сите министерства во рок од пет дена до Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците да достават предлози за можни прашања, теми за разговор, договори и меморандуми кои ќе бидат на дневен ред за потпишување на оваа заедничката владина седница, соопшти владината прес-служба.

Scroll to Top