ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ и најава за нови мерки, УГОСТИТЕЛИТЕ ПРВИ НА УДАР!

пред 4 години

Засилени контроли од страна на сите инспекторати за почитување на мерките, како и нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, на која презентираше анализа за бројот на заболени од Ковид 19 кој е во пораст. – Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените  се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заброваија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризиокот што го носи есента е сериозен, рече Филипче. Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите. – Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спровеудвање на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот. Тој оцени дека апсослутно е недозволиво покрај сите најави за сериозноста што го носи овој период да не се почитуваат мерките, недозволиво е и во бизнисот, а особено во угостителсството. Филипче најави дека во тек се анализи за воведување нови мерки, а целта е како што рече навремено да се воведат мерки што директно ќе влијаат на сузбивање на ширење на вирусот, а целта е да се избегнат рестрикции и закочување на економијата и нешто што би не затовриле во домовите, но, потенцира дека доколку е нужно и тоа ќе се направи. Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бојот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите. Филипче порача да се почитуваат мерките за да не ги преполниме болниците.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top