Затворена за сообраќај делницата Лакавица-Неготино поради рехабилитација на мост

пред 3 години

Од денеска целосно се затвора за сообраќај патниот правец Лакавица – Неготино поради рехабилитација на мост, соопшти Авто мото сојузот на Македонија, повикувајќи се на информација од Дтг Жикол Дооел Струмица.

Оваа делница ќе биде затворена во времетраење од пет месеци.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци на кашест снег.

Scroll to Top