Затворена кафеана во Тетово, приведена сопственичката

пред 3 години

Полициските службеници од СВР Тетово вчера ја привеле сопственичката на угостителски објект во градот кој работел и покрај забраната која е на сила. Во објектот имало неколку гости.

„На 17.04.2021 во 13,10 часот полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.“120“ во Тетово кој бил отворен и во кој биле послужени неколку гости. Објектот бил времено затворен од Државен пазарен инспекторат, а сопственичката Ј.Б.Н.(49) била лишена од слобода и по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава“ – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top