За еден ден се самопопишале 11.101 лица од дијаспората

пред 3 години

Евиденцијата на самопопишувањето покажува бројка од 171.620 државјани од Македонија кои живеат во странство и се самопопишале на електронската апликација од почетокот на овој процес, на 1 март, до денес.

Само во последното деноноќие се попишани 11.101 лице, соопшти Државниот завод за статистика,

Од заводот велат дека е интересно што во Џибути има 3 македонски државјани кои се самопопишале, во Тувалу 4, во Свалбард и Јан Мајен 4, во Северни Маријански Острови 11.

„Навистина нè има насекаде и тоа треба да го покажеме“, велат од Државниот завод за статистика.

Scroll to Top