Франција воведе задолжитетелен тест за коронавирус за патниците што не се од ЕУ

пред 3 години

Премиерот на Франција Жан Кастекс соопшти вечерва дека ќе биде потребен негативен тест за влез во државата за сите кои доаѓаат од држави што не се членки на Европската унија.

Тој додаде дека во Франција од денеска се воведува и полициски час од 18 часот на национално ниво наместо од 20 часот.

Потезите се во насока на спречување на ширење на Ковид-19, јави телевизијата БФМ.

Новиот пакет мерки ќе стапи на сила низ целата држава, не само во 25-те департмани каде што во моментов се применуваат ограниченото движење, се додава во извештајот.

Scroll to Top