За четири часа, СВР Велес регистрирал 38 прекршоци кај пешаци

пред 3 години

На подрачјето на СВР Велес, од страна на сообраќајни екипи при акциска контрола вчера во периодот од 8:00 до 12:00 часот се регистрирани 38 прекршоци на пешаци во сообраќајот.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека од вкупниот број на прекршоци, 21 се во Велес, шест во Кавадарци и 11 од Неготино.

– Сите прекршители се писмено опоменати, појасни Додевски.

Додевски потенцираше дека истите лица ако следниот пат бидат регистрирани од полицијата како неправилно ја минуваат улица или направат некој друг прекршок на коловозот, ќе бидат и парично казнети согласно Законот за сообраќај, а глобата е 25 евра.

Scroll to Top