Изречени 134 санкции за брзо возење на територијата на СВР Тетово

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Тетово денеска спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 134 возачи. Од нив дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со над 50 километри на час повеќе, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Scroll to Top