Земјотресот во Хрватска регистриран и во Македонија

пред 3 години

Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што ја погоди попладнево Хрватска е регистриран и во Македонија.

Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје во 12 часот и 19 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Хрватска, 570 километри северозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда  од 6.4 степени.

Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата земјотресот не е почувствуван.

Scroll to Top