Излезе од печат монографијата „40: ИФФК Браќа Манаки“

пред 4 години

Излезе од печат монографијата „40: ИФФК Браќа Манаки“ во издание на Кинотеката, по повод 40 години од основањето на фестивалот „Браќа Манаки“.

Како што соопштија од Кинотеката, ова е прво поголемо издание кое одбележува јубилеј на овој фестивал – еден од ретките во светот што е тематски определен, фокусиран на филмската фотографија и работата на директорите на фотографија, кинематограферите.

-Фестивалот „Браќа Манаки“ од манифестација прерасна во фестивал на југословенска камера, за по осамостојувањето на Македонија да добие меѓународен карактер, и денес е официјално познат како Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Монографијата го следи развојот на фестивалот, посочија од Кинотеката.

Покрај Тузлиќ, автори на објавените текстови се Гена Теодосиевска, сегашен директор на фестивалот, Благоја Куноски-Доре, поранешниот директор, а сега селектор на фестивалот, филмолозите Игор Старделов и Владимир Ангелов од Кинотеката на Македонија, Душко Димитровски – новинар и критичар од Сараево со постојан престој во Виена, хроничарот Стефан Хаџи Андоновски, но и Пол Рене Ростад, претседателот на Меѓународната федерација на кинематографери, Миха Брун, филмски критичар и новинар од Љубљана и Најџел Волтерс, потпретседател на Британското здружение на кинематографери.

Монографијата изобилува со фотографии од фестивалските церемонии, настани, тркалезни маси, мастеркласови, како и прес-клипинзи од написи објавени во печатените медиуми. Содржините се двојазични – на македонски и на англиски јазик.

Заинтересираните читатели и љубители на филмската уметност за сега монографијата можат да ја најдат во книжарницата на Кинотека.

Се до официјалната промоција на монографијата, заинтересираните ќе можат да ја набават во книжарницата по цена од 500 денари. Изданието е финансиски поддржано од Агенцијата за филм.

Scroll to Top