Каевски: Секој што и мисли добро на државата треба да учествува на пописот

пред 3 години

По цели 19 години, државата согласно сите меѓународни стандарди спроведува попис – најобемната и најважна статистичка операција. Подготвени се сите здравствени протоколи и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните што се попишуваат, како и на попишувачите. Пописот е многу значаен за планирање на соодветен развој на државата – вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„Придобивките од пописот се огромни и затоа е потребно обединување, а не бојкотирање на овој важен процес. Секој што и мисли добро на државата и што сака таа да се развива и да оди напред, треба да даде максимален придонес и поддршка во овој процес. Затоа ве повикувам на масовен одѕив на пописот, да ја искористите приликата да дадете свој придонес за напредокот на татковината“ – рече Каевски.

Scroll to Top