СДСМ: Пописот обезбедува сигурен и предвидлив развој на државата

пред 3 години

Пописот на населението што ќе се одржи на пролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, како се основа за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството, за сигурен и предвидлив развој на државата, соопшти СДСМ.

По речиси две децении без попис во државата има недостаток од квалитетни статистички податоци не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики.

„Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, карактеристики на лицата со посебни потреби, образовни, етничко-културолошки, миграциони, религиозни карактеристики за населението, домаќинствата и граѓаните во државата.Пописот е во рацете на професионални државни институции, како што е Државниот завод за статистика и ќе се организира според сите меѓународни стандарди, по комбиниран модел, со класично попишување на терен, но и со користење на бази на податоци, кои ги има државата.Пописот ќе биде безбеден од здравствен аспект, бидејќи државата и во услови на пандемија покажа дека има капацитет на организира сложени операции со масовно учество на граѓаните, со почитување на сите мерки и протоколи за заштита на здравјето.Секоја политичка партија има обврска пред државата и граѓаните да ги поддржи процесите, државата, институциите да добијат точни податоци за структурата на населението и домаќинствата, демографски податоци за општините и регионите а тоа е возможно само со спроведен попис по сите меѓунардони стандарди“, се вели во соопштението.

Scroll to Top