Казнети 177 возачи во Скопје, 63 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 177 казни за возачи кои ги прекршиле сообраќајните правила, информираaт од министерството за внатрешни работи.

Меѓу нив за возење над дозволената брзина казнети биле 63 возачи, 15 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, седум за непрописно престројување на возила.

Изречени се осум казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Scroll to Top