139 санкционирани возачи во Скопје: 31 за брзо возење, 2 за возење под дејство на алкохол

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, 2 мерки за возење под дејство на алкохол, 2 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 3 за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање, се вели во соопштениети на МВР.

Оттаму додаваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top