Каракачанов: Бучковски има добра волја, но немаат тие што го испраќаат

пред 3 години

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за медиумите денеска ја најави средбата со специјалниот пратеникот на македонската Влада, Владо Бучковски, порачувајќи Македонија да не се надева на компромис од бугарска страна.

„Ова е трет пат да се состанеме по ова прашање. Верувам дека Бугарија има јасен став и крајно време е во Скопје да започнеме со читање на одлуките на бугарскиот парламент. Мислам дека нема смисла да капнуваат чаршиски разговори. Г-дин Бучковски е добронамерна личност. Има политичко искуство, писмен човек, со добар став кон Бугарија. Не случајно е избран за преговарач и посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Се користи за демонстрација на добра волја. Тој самиот има добра волја, но оние што го испраќаат немаат добра волја“, додаде Каракачанов.

Според него, Скопје не направило ништо повеќе од три години, а сега продолжува да се потпира на фактот дека и покрај одлуките на бугарската влада и парламентот, може да се постигне компромис со позицијата на Бугарија.

„Додека во учебникот по Историја во Македонија пишува дека ние Бугарите сме фашисти, окупатори и Татари, не може да има разговор“, нагласи Каракачанов.

Вели дека Северна Македонија има право на својот идентитет каков што е од неговото настанување, но не треба да краде туѓа историја со создавање лажен идентитет.

„Имаш право да го заштитуваш својот идентитет таков каков што е од тогаш од кога е појавен, а не крадејќи туѓа историја да си создаваш лажен идентитет и да велиш „не е европски да се противите да имаме свој идентитет“. Вие си имате идентитет создаден од Јосип Броз Тито и од Коминтерната, заштитувајте си го и никој не ви посега по него, но Цар Самоил е бугарски цар и не војувал против Бугарија како што пишува во вашите учебници“ – вели Каракачанов.

Scroll to Top