Стефоска ќе им ги одзема надлежностите на Охрид и Струга: Општините немаат волја за заштита на светското наследство

пред 3 години

Министерката за култура Ирена Стефоска најави дека ќе иницира постапка за одземање на надлежностите во културата на општините Охрид и Струга, поради тоа што, според неа, двете општини немаат волја да го заштитат светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.

„Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита и Музеј Охрид како и Управата за заштита на културното наследство,“ напиша Стефоска на Фејсбук.

Scroll to Top