Кинеските вакцини пристигнуваат утре, Филипче ќе ги покажува во пет наутро

пред 3 години

„Утре 30.4.2021 во 5.00 часот наутро во Поликлиниката Јане Сандански (делот кај гаражите) ќе се одржи настан по повод пристигнување на 200.000 вакцини Синофарм кои ги купивме во директни преговори со производителот,“ најави денеска Министерството за здравство.

На настанот присутни ќе бидат министерот Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во нашата земја н.е. Џанг Ѕуо, информираат од министерството.

Ова е прво поголемо количество вакцини против коронавирусот кои пристигнуваат во земјава и според најавите од надлежните, тие треба да почнат да се употребуваат на пунктовите за имунизација во вторник, на 4 мај.

Scroll to Top