Ковид-19 вакцинација: Интерес има, вакцини нема

пред 3 години

Над 37 000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Пријавувањето заинтересиранот за вакцинација може да се направи и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Пријавувањето оди паралелно со исчекувањето на првата тура вакцини во земјава. Најавената достава на вакацините на Фајзер од Србија беше откажана на неодредено време. Домашните власити најавуваат дека испораката ќе биде во претстојниот период кога ќе се разрешат сите нејасонотии со компанијата Фајзер.

„Се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер” кон Србија за реекспорт или за реплаќање или донација од Србија. Целта е прво да стигнат 4.000 вакцини, а потоа и другите 4.000“ – изјави вечра премиерот Зоран Заев.

На почетокот на оваа недела беше потпишан и догoворот за набавка на 200 илјади дози од кинеската вакцина на Синфарм. Тие во земјава се очекува да тргнат по претстојниот празничен период во Кина.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223. Најмногу активни случаи има во Скопје – 2876, Кавадарци – 398, Охрид – 369, Прилеп – 267, Куманово – 236, Велес – 228, Тетово – 213, Делчево – 207. Во другите градови има помалку од 200. Вкупниот број на хоспитализирани во земјава е 591 пациент.

Scroll to Top