ВМРО-ДПМНЕ: На лагите им нема крај, нема вакцини, а Филипче зборува за масовна вакцинација

пред 3 години

Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и за масовна вакцинација. Филипче покажа дека не може да обезбеди на време вакцини, а не вакцинацијата да биде континуирана, уште помалку масовна – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше. Додека сите стартуваа со вакцини во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари. Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови за корона. За Филипче мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација „ситуацијата е под контрола“. Ако беше под контрола во период од јануари до сега немаше да има 1.700 починати“ – се вели во соопштението од партијата.

Scroll to Top