Костадинов: Со именувањето на Ковачки, Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 години

Наместо демократизација извршителот Мицкоски спроведува милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ. Со единствена цел, што подолго да ја задржи својата партиска фотелја во белиот дворец, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот н СДСМ, Костадин Костадинов. Тој оцени дека внесувањето на Драги Ковачки, полковник на Армијата, за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е неетички и демократски преседан. Дополнително, како што изјави Костадинов, ова е обид да се наштети на високиот углед кој што Армијата го има, го гради и го чува, како земја членка на НАТО, пријател со демократскиот свет. „Нема и не смее да има место за политика во Армијата. Припадниците на Армијата се на сите граѓани, треба да ја штитат државата и граѓаните, и во демократски општества нивното место не е во партиите. Како по примерот на некои земји од Латинска Америка, воени лица парадираат во белиот дворец на партиски позиции. Освен во режими воод Латинска Америка и Африка, ваквите појави не постојат во ниту една западно-демократска партија“. рече Костадинов. Додаде дека овој чин на милитаризација на ВМРО-ДПМНЕ покажува колку е очаен Христијан Мицкоски, кој поразен од граѓаните стравува за својата партиска фотелја. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top