КРИВИЧНА за струмичаните кои УКРАДОА МРТОВЕЦ – не биле насилни, туку НЕ постапиле по здравствени прописи

пред 4 години

Јавното обвинителство (ЈО) постапува по вчерашното подигање на мртовецот од Инфективното одделение при струмичката болница. Откако беше известено од МВР веднаш издаде насоки да се извршат проверки и во моментов полицијата постапува по дадените наредби се испитува медицинскиот персонал и се работи на утврдување на идентитетот на тие што го подигнале телото, информира портпаролката на ЈО, Елизабета Недановска. – Според првичните сознанија, од тоа што е во моментот утврдено од страна на Обвинителството, е дека немало насилство од лицата кои го подигнале телото кон медицинскиот персонал, ниту, пак, кршење или уништување на инвентарот или на медицинската опрема, рече Недановска. Досега е утврден идентитетот на три лица и откако ќе се утврди на сите и ќе се собере потребната документација до Обвинителството ќе биде поднесена кривична пријава. – Во случајот најверојатно станува збор за кривична пријава за непостапување по здравствени прописи, затоа што со подигањето на телото е постапено спротивно прописите, додаде Недановска. Од СВР Струмица за вчерашниот настан денеска информираа дека лекар од Инфективното одделение при струмичката болница пријавил дека околу 09: 30 часот кај нив бил донесен пациент Џ.Р.(49), кој за кратко време потоа починал. – Според пријавеното, откако биле известени најблиските на починатиот и од персоналот им било напоменато дека е можно да бил инфициран од вирусот Ковид-19, тие почнале да се однесуваат агресивно и го навредувале персоналот, по што влегле во објектот на Инфективна болница и заедно со креветот го изнеле надвор од објектот, а потоа го ставиле во патничко возило со кое заминале, стои во известувањето од Струмичката полиција. Се додава дека СВР Струмица, во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот. Инаку, по вчерашните инциденти во Струмица, за утре е најавен состанок на Локалниот совет за превенција на Струмица.

Извор: vecer.mk

Scroll to Top