Приведен угостител од Тетово поради непочитување на здравствените прописи

пред 3 години

Ноќеска околу 01.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(38) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Имено, во акциска контрола спроведена во неговиот угостителски објект на излезот од Тетово, биле затекнати 11 лица, од кои 5 од Република Албанија и 2 од Република Србија. По целосно расчистување и документирање на случајот, против М.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Scroll to Top