Кривични пријави против Лидија Димова и три други лица, се товарат дека причиниле штета од над 25 милиони денари

пред 4 години

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривични пријави против директорката на Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и три други лца.

За нив постои основано сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, измама на штета на средства на европската заедница, соизвршителство и несовесно работење во службата.

Покрај Димова, кривични пријави се поднесени и против З. З. во својство на управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје, А. Г., во својство на надворешен соработник во Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност и А. П. во својство на благајник во Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Четворицата се товарат дека причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари.

Scroll to Top