Без Тричковски и Ристевски против Грузија

пред 4 години

Македонските фудбалски репрезентативци утринава отпатуваа за Тбилиси, каде утре ќе играат против Грузија во Лигата на нации. Во авионот ги немаше Иван Тричковски и Кире Ристевски. Тричковски имал поголем хематом на левата натколеница, додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на бутниот мускул. Напаѓачот Тричковски поради повредата не настапи на мечот од првото коло против Ерменија (2:1), додека Ристовски го одигра целиот натпревар. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември од 18 часот во Тбилиси. фото/ffm.mk

Scroll to Top