Крстосницата кај Собранието затворена за сообраќај во наредните три дена

пред 4 години

Градот Скопје известува дека почнувајќи од утре (10. октомври) во 6 часот, па се до понеделник (12.октомври) во попладневните часови, целосно затворена за сообраќај ќе биде крстосницата кај македонското Собрание, во центарот на Скопје, односно крстосницата меѓу улиците 11 Октомври и Даме Груев, поради изведување градежни работи. За сообраќај ќе бидат слободни само десното вртење од улицата Даме Груев кон улицата 11. Октомври и десното вртење од улицата Филип Втори Македонски кон улицата Димитрие Чуповски. Автобускиот превоз ќе се движи по улиците Даме Груев и Филип Втори Македонски. Градските власти апелира до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воведениот режим на сообраќај и поставената патна сигнализација.

Scroll to Top