Кусакатска: Владата го злоупотребува Финскиот модел

пред 3 години

Владата шири лажни вести и го злоупотребува Финскиот модел за правдање на својата неуспешна концепција, истакна Весна Кусакатска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа изјави дека наспроти тврдењето на министерката Мила Царовска дека новиот концепт е по урнек на финскиот модел на образование, со што посебните предмети се интегрирани во природни и општествени науки, Македонско-Финското друштво обзнани дека и во финското образование предметот историја постои и се изучува.

Кусакатска рече дека тоа може да се види и на страницата на Европската унија за образованието во Финска.

„Лажната вест веројатно служи за зајакнување на влијанието и давање на тежина на неиздржаната и набрзина конструирана концепција, создадена само за потребите на власта. Ако министерката имаше искрени намери да направи вистинска реформа во образованието прво ќе ги консултираше релевантните чинители од образовниот систем и ќе се потпреше на нив. Таа во тој случај немаше да ја поткрепува својата неуспешна концепција со злоупотреба на финскиот систем. Срам и бламажа. Навистина премногу го потценуваат својот народ“, рече Кусакатска.

Scroll to Top