СДСМ: Мицкоски ги злоупотребува заболените од коронавирус, пописот ќе се спроведе согласно сите мерки за заштита

пред 3 години

Без срам и перде Мицкоски ги злоупотребува заболените од коронавирус во своите деструктивни политики, пописот ќе се спроведе согласно сите мерки за заштита, реагираат од СДСМ, на изјавата на лидерот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Претстојниот попис на население и домаќинства ќе се спроведе по сите светски стандарди и со почитување на сите протоколи и мерки за зашттита на здравјето од коронавирусот. По 19 години државата ќе спроведе попис со кој ќе се добијат релевантни, прецизни и точни податоци, важни за креирање и спроведување на долгорочни, одржливи политики и стратегии. Христијан Мицкоски одново бара алиби, како што бараше алиби за да побегне од локалните избори во Штип“, велат од СДСМ.

Потрчкото на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Христијан Мицкоски, човекот кој прв ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот, додаваат од партијата, денеска без срам и перде ги злоупотребува заболените и починатите од коронавирус во своите деструктивни политики на штета на граѓаните и државата.

„Тоа е Мицкоски, кога не шири лажни вести, кога не брани криминал, тогаш злоупотребува човечки несреќи во обид да ќари некаков политички поен, во обид да си ја зачува фотелјата во белиот дворец. И додека тој бара одлагање на пописот глумејќи загриженост за здравјето на граѓаните, неговите соработници организираат јавни собири собирајќи потписи за спас на неговата фотелја во белиот дворец. Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, ниту пак сака државата да спроведе попис по цели 19 години. Се што тој прави е само за да го спречи напредокот на општеството, државата да остане без попис и целосни податоци, но тој филм нема да го гледа. Граѓаните одамна го знаат тоа и затоа Мицкоски шест пати е поразуван, затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму“, се навеува во реакцијата.

Scroll to Top