Левица: Министерството на Груби е како во црна дупка, две години нема никакви активности

пред 3 години

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, во своите основни надлежности буквално има дефинирано грижа за „функционирање на политичкиот систем“, но сепак, токму тоа е институцијата која не го исполнува основниот услов како орган на државната власт во Република Македонија.

Со тоа што официјалната интернет страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е достапна само на албански јазик, ова министерство не го исполнува основниот услов како орган на државната власт во Република Македонија, реагираат од политичката партија Левица.

Од таму појаснуваат дека на веб-страницата има опција за македонски јазик, но доколку се кликне на истата, покажува дека е во изработка.

„Ова е голем пропуст на Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кои во своите основни надлежности буквално има дефинирано грижа за ‘функционирање на политичкиот систем’“, стои во соопштението на Левица во кое се додава дека окако е оформено ова министертсво пред скоро две годоини, буквално нема никакви активности.

„И покрај тоа што истото е меѓу рекордерите по бројот на вработени, сепак, ‘црната дупка’ во однос на неговите активности го прави своевиден фантом во политичкиот систем на Република Македонија“, велат од Левица.

Според партијата, од она што може да се види на интернет страницата на Владата за тоа кои се задолженијата на ова ново министерство, лесно е да се увиди дека истото, како што велат, е формирано како еден вид полицаец, кој ќе контролира институции за спроведување на Рамковниот договор, како и за спроведувањето на правото на употреба на јазиците.

Scroll to Top