Миленковски: Уривањето на галијата е незаконско, не постојат никакви долгови кон градот

пред 3 години

Управителот на фирмата „Сервис АД“  Жарко Миленковски во допис за медиумите тврди дека галијата „Среќа“ се урива нелегално и нема никакви долгови кон градот.

Наведува дека бродот е изграден со пари од приватен инвеститор државјанин на Република Бугарија, а за случајот информирани се бугарската амбасада и Европската Унија.

„Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи дека правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, се ‘ уште е на сила. Во тек се два судски предмети, од коишто за едниот утринава беше одржано рочиште и не може да се руши на сила додека нема судска одлука. Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка како би се спречило настанување на штета. Затоа една судијка веќе се откажа а други две веќе неколку месеци не носат решение, се со цел да му се дозволи на Градоначалникот да изврши рушење т.е. да направи штета а потоа да се води судски спор“, се наведува во дописот до медиумите.

Миленковски додава дека Компанијата која управуваше со галијата бара да и’ се гарантира правото на фер судење без мешање и притисок од градоначалникот Петре Шилегов.

„Во текот на целата пандемија имаме пратено неколку писмени барања до Град Скопје на кои ниту еднаш не добивме одговор.
Се повикавме на член 9 од договорот каде што изрично е пишано дека Град Скопје ќе овозможи непречено функционирање на објектот. Не добивме никаков одговор. Плативме се’ 100% и по една недела добивме инфорѓација дека еднострано е раскинат договорот“, се додава во дописот на Миленковски.

Спротивно на ова, од Град Скопје претходно денеска соопштија дека отстранувањето на галијата е на трошок на фирмата која досега управуваше со галијата во својство на должник во извршната постапка.

Scroll to Top