Левица: Царовска ја турка агендата за сеопфатно сексуално образование, силувајќи го правото на мислење

пред 3 години

И покрај бурните реакции кои што ја брануваат јавоста, во тек е пилот-проект со цел во наставата да се воведе сеопфатно сексуално образование како посебен предмет, велат во соопштение од политичката партија Левица.

„Министерката Царовска, во манир на хибридниот режим во чие што име стои на чело на МОН, ја турка оваа агенда сокриена под превезот на наводна загриженост поради заштита од злоупотреба на децата, а всушност силувајќи го правото на мислење преку наметнување идеологии втемелени на либералните интереси на капиталистичката класа, со цел идните возрасни што порано да бидат впрегнати во остварувањето на капиталистичките експлоататорски цели“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека квалитетното сексуално образование мора да нуди систематски и сеопфатен пристап, за децата да се информираат и да усвојат позитивни ставови.

Според партијата, сосема е несериозно сексуалното образование да им се препушти на невладини или граѓански организации.

„Изготвувањето на наставните програми и содржини бара сеопфатен, високостручен пристап и истото мора да биде доверено на институтите за социологија, педагогија, психологија и соодветните медицински институти“, велат од Левица додавајќи дека нивните програмски заложби се да се донесе нова, сеопфатна и научно издржана реформа во образованието, како и воспитување втемелено на високи морални и етички вредности.

Scroll to Top