Царовска: Правото на образование е врвно и едно од најважните човекови права

пред 3 години

Правото на образование е врвно и едно од најважните човекови права. Секое дете мора да има право на образование, квалитетно, навремено, достапно, со еднакви можности, за да прерасне во граѓанин и граѓанка и со моќта на знаењата да постигне личен и општествен развој, вели министерката за образование и наука Мила Царовска во видеопорака по повод 10 Декември – Меѓународен ден на човекови права.

– Горда сум што и во време на пандемија, во многу тешки услови за децата, родителите и наставниот кадар, овозможуваме наставата да продолжи и да биде достапна за сите ученици. Работиме и успеваме да изградиме инклузивно образование, кое вложува во младите и во науката и ги подготвува учениците за иднината. Токму затоа, новата концепција за основно образование ќе се заснова на вредности како почитување на човековите права, толеранција, мултикултурализам и родова еднаквост и ќе создава граѓани кои ги почитуваат и живеат со овие вредности, истакна Царовска во видеопораката објавена на нејзиниот фејсбук-профил.

Scroll to Top