Лекот „Ивермектин“ да се зема само со препорака на матичен лекар, порача Филипче

пред 3 години

Министерот за здравство Венко Филипче порача дека лекот „Ивермектин“ треба да се зема само со препорака на матичен лекар.

Овој лек се покажал како ефикасен во лекувањето на Ковид-19 и за првпат е регистриран за употреба кај луѓето.

„Ивермектин“ од вчера e достапен низ аптеките во земјата.

Од Министерството за здравство претходно посочија дека Ивермектинот се препорачува кај ризични групи – работници коишто имаат висок ризик да заболат, луѓето кои што биле во допир со заболен – потврден контакт и кај луѓе коишто се заболени. Кај трите групи граѓани има различна индикација и различно дозирање затоа е важно апликацијата да биде под контрола на лекар.

Според мислењето на стручните лица, лекот е безбеден, но има интеракции ако се дава во комбинација со невролошки лекови.

Scroll to Top