Локалните власти ги подобруваат условите за настава во средното медицинско училиште во Битола

пред 3 години

Со средства од буџетот на општината во вредност од 2.608.080 денари се подобруваат условите за работа во средното општинско медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска, заменик градоначалничката Емилија Костурски и менаџерскоит тим на училиштето денеска разговараа за извршените санации и моменталните актвиности во оваа образовна установа.

„Целосното осветлување, вклучувајќи го и осветлувањето во спортската сала, е заменето со ЛЕД осветлување и поставени се енергетски ефикасни ПВЦ прозорци“, се наведува во соопштението.

Во тек е поставување на настрешница на задниот влез од училиштето, кон спортската сала и целосно обновување на вториот кат од училиштето, каде се врши реновирање на кабинетите, бојадисување, менување на подот, реновирање на скалите и менување на дограма.

„Паралелно со инфраструктурните зафати, училиштето се опремува и со нагледни средства. Покрај опремата за квалитетно изведување на онлајн настава, за која општината издвои средства на почетокот од оваа учебна година и со која беа набавени нови компјутери, со дополнителна опрема од камери и звичници, дополнително се набавени 3 телевизори со големина од 55 инчи и 4 смарт табли. Обновена е целосната опрема за практична работа (ново торзо, лабораториска опрема и комплетно обновување на лабораториите)“, стои во соопштението од Општина Битола.

Scroll to Top