Македонија во групата на „делумно слободни држави“ според извештајот на „Фридом хаус“

пред 1 година

Во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, Македонија има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени.

Рангот претставува напредок од еден индексен поен во споредба со лани, а земјата ево групата на „делумно слободни“ држави.

Од регионот, во истата група се Србија која бележи пад и има 60 поени, Косово кое со истата бројка има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат 67 поени, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86.

Помеѓу земјите од регионот, највисок индекс на слободи има Словенија со оценка 95, а најнизок Босна и Херцеговина со 52 поени.

Земји со најголеми слободи во светот се Шведска, Норвешка и Финска кои имаат маскимални 100 поени. Најслабо оценети се Северна Кореја со 3 и Сирија со 1 поен.

Scroll to Top