Ќе има нови мерки: Кафеаните целосно или делумно да се затворат, а полициски да почнува од 20 часот

пред 3 години

Главниот координативен кризен штаб донел одлука за заострување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“. Според наши извори, предвидено е зголемување на траењето на полицискиот час, кој наместо од 22 часот, ќе треба да започнува од 20 часот.

Дополнително, се разговарало и за затворање или ограничување на работата на угостителските објекти. Засега нема потврда од Кризиниот штаб за овие одлуки, но Владата веќе закажа седница.
Владиниот портарол, Душко Арсовски потврдува само дека од 13 часот е зажана седница, а неофицијално, во 14 часот ќе се одржи и прес-конференција.

Инаку, извори од Комисијата за заразни болести за „А1он“ брифираат дека тие денес не поднеле барање за заострување на мерките. Според нив, тие уште во месец март до Кризниот штаб и Владата доставиле цел сет на мерки за спречување на заразата, со цел, самите да одлучат кои ќе ги применат.

Ваквото заострување на мерките доаѓа по големиот број заразни од коронавирус, како и пополнувањето на капацитетите во болниците и ковид-центрите. Од кога ќе се применуваат мерките, ќе се знае откако ќе се одржи владината седница.

Scroll to Top