Македонија е во црвената зона на ризик од Ковид-19 според критериумите на ЕУ усогласени денеска

пред 4 години

Во ЕУ денеска ги усогласија критериумите за обележување на регионите според бројот на коронавирус инфекции на 100.000 жители и процентот на позитивни меѓу тестирани, со цел да се олесни движењето на луѓето во пандемијата. Постигнат е договор за тоа кои региони ќе се означат за зелена, портокалова или црвена зона, според заеднички критериуми. Боите ќе се одредуваат според ажурираните податоци објавени неделно од Европскиот центар за контрола и превенција на болести. Црвената зона значи дека има 50 или повеќе заразени на 100.000 жители и повеќе од четири проценти позитивни за Ковид-19 при тестирање. Во Македонија во моментов има 3.327 активни случаи на Ковид-19, односно околу 168 заразени на 100.000 жители и процент на позитивни тестови кој се движи околу 10 отсто од почетокот на пандемијата и 15 отсто во последните денови. Со овие бројки, земјата би се нашла во црвенат група на земји, а таму би биле и повеќето други држави од Балканот, доколку се усвои новиот систем на бележење. Портокаловата боја ќе означи области каде што бројот на заразени на 100.000 жители е помал од 50 и позитивната стапка на тестот е четири или повеќе проценти, или ако бројот на заразени варира помеѓу 25 и 150 случаи, но позитивната стапка на тестот е под четири проценти. Региони со помалку од 25 заразени на сто илјади жители за 14 дена и каде процентот на позитивно на тестирање е под четири проценти ќе биде обележан со зелена боја. Земја-членка што предвидува воведување рестриктивни мерки на патниците кои доаѓаат или патуваат во некоја област ќе треба да ја извести таа земја најмалку 48 часа пред стапувањето во сила на новата мерка. Новите критериуми треба да помогнат да се стави крај на сегашната хаотична ситуација која е предизвикана од тоа што различни земји, различно ги дефинираат зоните. Договорените упатства треба да бидат потврдени следната недела на министерско ниво. Текстот Македонија е во црвената зона на ризик од Ковид-19 според критериумите на ЕУ усогласени денеска е превземен од А1он .

Scroll to Top